logo
logo
logo

Папата од Ирак со апел за толеранција и братство меѓу народот

Vecer | 05.03.2021

Папата од Ирак со апел за толеранција и братство меѓу народот

Папата Франциско за време на неговата прва папска посета во Ирак испрати апел за толеранција и братство меѓу народите.

Тој замоли Ирачаните да ги почитуваат верските малцинства и да гледаат на нив како на „вреден ресурс“ за заштита, а не на пречка која треба да се елиминира.

Папата му рече на претседателот Бархам Салих и на другите ирачки официјални лица собрани во палатата во Багдад во рамките на силно утврдената зелена зона, дека никој не смее да се смета за граѓанин од втор ред. Тој рече дека Ирачаните од сите вери имаат исти права на заштита како припадниците на шиитското мнозинство.

„Само кога ќе ги оставиме зад нас разликите и ќе се погледнеме едни со други како членови на исто човечко семејство, тогаш ќе можеме да започнеме ефикасен процес на обновување на идните генерации кон подобар, пофер и похуман свет“, рече тој.

И покрај загриженоста за пандемијата од коронавирусот и влошената безбедносна состојба, Папата дојде во Ирак за да ги охрабри припадниците на христијанската заедница. Тој ги замоли да останат во Ирак и да помогнат во обновата на нивната земја по долгогодишната војна.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk