logo
logo
logo

Папата најави дека е подготвен да замине во Москва на средба со патријархот Кирил

Vecer | 06.12.2021

Папата најави дека е подготвен да замине во Москва на средба со патријархот Кирил

Средбата на Франциск и Кирил во Куба во 2016 година беше прва средба меѓу Папата и поглаварот на Руската православна црква по црковниот раскол од 1054 година.

Двете страни рекоа дека се подготвени да работат на обединување, но не се согласуваат околу теологијата и идната улога на Папата во повторно обединетата црква.

„Подготвен сум да одам во Москва и да разговарам со мојот брат“, им рекол Франциск на новинарите во авионот при враќањето од посетата на Кипар и Грција.

Тој додаде дека високи претставници на Руската православна црква треба да дојдат во Рим оваа недела за да се договорат за местото и времето за средбата.

Вообичаено е папата да посетува држави на покана на верски и државни власти, што значи дека Франциск треба да биде поканет во Русија од претседателот Владимир Путин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk