Фискер планира да го испорача првото исклучиво електрично возило со сончев покрив на папата Франциск следната година, објави во петокот американската компанија.

Моделот „Океан“, наменет за папата ќе биде со подвижна стаклена купола, додека внатрешноста ќе биде изработена од одржливи материјали. Така, на пример, теписите ќе бидат направени од рециклирани пластични шишиња.

Коосновачот на компанијата Херник Фискер кој претходно дизајнирал на британската марка луксузни автомобили Астон Мартин и други се состана со поглаварот на Католичката црква во Ватикан, соопшти компанијата.

„Се инспирирав кога прочитав дека папата Франциск е многу внимателен кон животната средина и влијанието на климатските промени врз идните генерации“, рече Фискер.

Почетокот на производството на папамобилот Океан е планиран за ноември следната година.