logo
logo
logo

Папата го бакна тетовираниот број на жена која го преживеа Аушвиц

Vecer | 27.05.2021

Папата го бакна тетовираниот број на жена која го преживеа Аушвиц


За време на општата аудиенција на верници во средата, папата Франциско ја бакна тетоважата на жена која го преживеала концентрациониот логор Аушвиц.

Лидија Максимович била депортирана во Аушвиц-Биркенау од родната Белорусија кога имала три години. Таа му го покажала на папата бројот што нацистите го истетовирале на нејзината рака, а папата Франциско се наведнал и го бакнал.

Таа претходно учествуваше на настани под покровителство на „Свети Егидиј“ наменети за едукација на младите за холокаустот.

Максимови поминала три години во детскиот оддел во Аушвиц, каде што била подложена на експерименти од Јозеф Менгеле. Кога логорот бил ослободен, таа била посвоена од полско семејство.

Папата претходно им оддаде почит на преживеаните од холокаустот, вклучувајќи ја и посетата на Меморијалниот центар Јад Вашем во Израел во 2014 година, како и посетата на 88-годишната писателка и поетеса со унгарско потекло Едит Брук во нејзиниот стан во Рим во февруари оваа година.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk