logo
logo
logo

Папата Франциск со видео повик за построго регулирање на финансиските пазари

Vecer | 04.05.2021

Папата Франциск со видео повик за построго регулирање на финансиските пазари

Папата Франциск преку неговата Светска молитвена мрежа обајви видео повик за построго регулирање на финансиските пазари беше објавен во видео порака објавена

Папата истакна дека финансиите можат да бидат корисна алатка ако се користат за општо добро, предупредувајќи против „опасните” шпекулации и повикувајќи на поправедна економија.

„Додека реалната економија, онаа што создава работни места, е во криза – толку многу луѓе се без работа! – финансиските пазари никогаш не биле толку хипертрофични како што се сега”, рече тој.

Папата додаде дека „финансиите, доколку не се регулираат, стануваат чисти шпекулации водени од монетарната политика”.

– Оваа состојба е неодржлива. Опасна е. За да се спречат сиромашните повторно да ги плаќаат последиците, финансиските шпекулации мора строго да се регулираат, рече папата Франциск.

Повикувајќи ја финансиската индустрија да работи со владите за подобро регулирање на пазарите, тој рече дека „сè уште има време да се започне процес на глобални промени за да се спроведе поинаква, поправедна, поинклузивна и одржлива економија што не остава никого зад себе”.

– Ајде да го направиме тоа!, повика папата Франциск.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk