logo
logo
logo

Паника во Кина - се тресе облакодер, а нема земјотрес

Vecer | 18.05.2021

Паника во Кина - се тресе облакодер, а нема земјотрес

Во кинескиот град Шенжен настанал општ хаос кога облакодер од нигде никаде започнал да се ниша, а немало земјотрес. Ллуѓето биле евакуирани, а минувачите на улица почнале да бегаат.

Кинескиот град Шенжен има околу 12 милиони жители, а во срцето на градот се наоѓа речиси највисокиот облакодер во Кина.

Облакодерот „Сег Плаза“ е изграден во 2.000 годинна и во него се наоѓа главниот пазар за електроника, деловни простории и канцеларии на познати компании. Шенжен е еден од најбрзо растечките кинески градови, лоциран на југот на Кина во близина на Хонг Конг. Многу кинески технолошки гиганти го избраа овој град за свое седиште.

Службениците за управување со вонредни состојби ја испитуваат причината за „нишањето“ на кулата во Шенжен.

„По проверка и анализа на податоците на различните станици за следење на земјотресот низ градот, денес немаше земјотреси во Шенжен. Експертите не нашле пукнатини во земјата околу зградата и ниту едно парче од фасадата не било оштетено “, се вели во соопштението.

Минатата година кинеските власти забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри и воспоставија ограничувања на висината, кои веќе се на сила во некои градови, како што е Пекинг.

Петте највисоки солитери на светот се наоѓаат во Кина, вклучувајќи ја и втората највисока зграда во светот, Шангајската кула, висока 632 метри.

Падот на зградите не е невообичаен во Кина, каде што ниските стандарди за градење и главната урбанизација доведуваат до забрзување на градежните работи.

Минатиот мај, хотел со пет ката во карантин во југоисточниот град Куанжу се сруши поради лошата градба, при што загинаа 29 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk