Властите во источна Кина сè уште трагаат по еден од трите леопарди кои избегаа од сафари парк, соопштија денес локалните власти. Бројни критики стигаат на адреса на паркот бидејќи тие скоро една недела криеле дека животните избегале.

На 1 мај, локалното население забележало дека три леопарди избегале од сафари паркот во Хангџу, објави државниот весник „Глобал тајмс“, но паркот за бегството на леопардите ја предупредил јавноста дури во саботата.

Два леопарди се веќе фатени и се во добра здравствена состојба, соопштија официјалните лица.

Нејасно е како леопардите успеале да избегаат.

Потрагата по третото животно започна синоќа со помош на дронови и ловџиски кучиња, се наведува во соопштението на локалната влада на Хангџу.

Леопардот бил снимен со дрон вчераутро, но побегнал кога луѓето се обиделе да му пријдат.

Сафари паркот претрпе критики затоа што не објавил веднаш информации за бегство на животните, со што се загрозија човечки животи, особено што леопардите биле слободниза време на петдневните празници на Први мај кога градот бил полн со туристи.

Хангџу е една од најпопуларните туристички дестинации во Кина, позната по своите насади со чај и живописното езеро.

Сафари паркот е привремено затворен додека се разгледува прашањето за неговата безбедност и управување.