Паника на крузерот закотвен во Ротердам, се разболеа десетици патници

Холандските служби за итни случаи соопштија денеска дека десетици патници кои се разболеле на крузерот закотвен во Ротердам, се задржани на бродот заради лекување.

Операторот на бродот Аида крузери изјави дека екипажот ги зголемил хигиенските мерки по појавата на инфекции на гастроинтестиналниот тракт кај патниците, објави АП.

Локалните служби за итни случаи најавија дека е пријавено дека 70 патници се чувствувале лошо и дека биле прегледани на крузерот.

До крајот на утрото, велат тие, на половина од патниците им било подобро и отишле на обиколка на Ротердам.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари