logo
logo
logo

ПАНДЕМИЈАТА УДРИ ПО СИРОМАШНИТЕ: Во Италија 5,2 милиони немаат за основни потреби

Vecer | 17.05.2021

ПАНДЕМИЈАТА УДРИ ПО СИРОМАШНИТЕ: Во Италија 5,2 милиони немаат за основни потреби

Од почетокот на пандемијата, бројот на Италијанци кои се сметаат за сиромашни е зголемен за еден милион, пишува весникот „Ил Манифесто“.

Весникот наведува дека сега 5,2 милиони немаат доволно средства дури и за основни потреби.

Зголемувањето на сиромаштијата е последица на економската криза што следеше како резултат на пандемијата, а весникот наведува дека бројот на сиромашни сигурно ќе се зголеми кога ќе престане да важи владиниот декрет за забрана за откази и забрана за протерување на станари поради кризата.

Двете уредби истекуваат во јуни и неизвесно е дали ќе бидат продолжени.

Една година по почетокот на пандемијата, два милиони италијански семејства живеат во апсолутна сиромаштија, што е за 335 илјади повеќе отколку во периодот пред почетокот на инфекцијата.

Весникот пишува дека редовите на оние што чекаат оброк пред хуманитарните организации се подолги и дека сиромаштијата ги погодува не само традиционално сиромашниот југ на Италија, туку и семејствата на северот на Италија.

Хуманитарната организација „Спаси ги децата“ објави дека поради затворените училишта на 160 илјади деца на училишна возраст не им е загарантиран еден оброк дневно кој го добивале во училишните мензи.

Најмногу загубија оние кои имаа привремена работа или работеа на црно, како што се луѓе кои чуваат стари лица или работат домашни работи или самохрани мајки со деца.

Кризата на трудот најмногу ги погодува жените, а податоците покажуваат дека скоро половина милион работни места каде што биле вработени жени повеќе не постојат поради пандемијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk