logo
logo
logo

Пандемијата скапо ги чинеше, ЗАГУБИЈА РЕЧИСИ МИЛИОН ВРАБОТЕНИ

Vecer | 07.04.2021

Пандемијата скапо ги чинеше, ЗАГУБИЈА РЕЧИСИ МИЛИОН ВРАБОТЕНИ

Од почетокот на пандемијата, во февруари минатата година, во Италија се изгубени речиси милион работни места.

Ова се наведува во извештајот на Централното биро за статистика (Истат).

Според весникот „Фато Котидијано“, тоа е резултат на економската криза што следеше како последица на ограничувањата на движењето и затворањето со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Според истите податоци, во февруари годинава, вкупниот број на вработени во Италија бил 22.197.000, што е за 945.000 помалку отколку во февруари минатата година.

По групи, изгубени се 372.000 привремени работни места, а други 355.000 самовработени останале без работа.

Покрај тоа, и покрај владините мерки за забрана за отпуштања во времето на пандемијата, 218.000 работници кои имаат постојан договор и обезбедени работни места се најдоа на списокот на невработени.

Според извештајот на Истат, бројот на таканаречените неактивни лица се зголемил на 717 000 лица, односно луѓе кои ниту имаат работа ниту бараат работа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk