logo
logo
logo

ПАМЕТЕН КРАДЕЦ! Со вратоврска ОГРАБИЛ БАНКА, вработените „хипнотизирани“ од боите

Vecer | 10.04.2021

ПАМЕТЕН КРАДЕЦ! Со вратоврска ОГРАБИЛ БАНКА, вработените „хипнотизирани“ од боите

Разбојник од германскиот град Бад Зоден-Залминстер ограбил банка, така што покрај маската на лицето, имал и неверојатно светкава вратоврска што се носела во раните 80-ти.

Лукавиот разбојник најпрво ја шармирал вработената кој цело време гледала во неговата вратоврска, исто како и колешката која цело време се смеела.

Тој потоа извадил лажен пиштол од џебот и ги побарал парите. Кога добил одреденаа сума пари, им се заблагодарил и побегнал во непознат правец

Додека полицијата сè уште трага по разбојникот, вработените, вклучително и чуварот на банката, потенцираат дека биле хипнотизирани од неговата вратоврска.

„Таа беше толку светкава и привлече внимание што не деконцентрираше. Во исто време, тој беше слаткоречив, па никогаш не ни падна на ум дека не ограбува“, изјави вработена во банката во Бан Зоден-Залминстер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk