logo
logo
logo

Пакистан ќе набавува руска нафта и гас по намалени цени

Vecer | 05.12.2022

Пакистан ќе набавува руска нафта и гас по намалени цени

„Русија одлучи да обезбеди за Пакистан сирова нафта по намалена цена“, изјави државниот министер за нафта, Мусадик Малик, јави ДПА.

Владата на премиерот Шехбаз Шариф пред неколку седмици најави дека ќе ги истражува можните опции за задоволување на државните енергетски потреби.

Малик минатата недела беше во Русија на разговори за повеќе прашања, вклучително и за снабдувањето со нафта и гас.

„Посетата беше успешна, повеќе од очекувањата“, рече тој, појаснувајќи дека неговата влада соработува со Русија и ги штити националните интереси притоа почитувајќи ги меѓународните правила и прописи.

Според него, националните ресурси на гас во Пакистан се намалуваат по десет проценти годишно, така што неопходни е разгледување на сите можни опции за надминување на проблемите во снабдувањето.

Малик истакна дека од руската страна биле иницирани разговори за воспоставување долгорочни договори за снабдување на Пакистан со течен природен гас. Тој појасни дека меѓувладина делегација од Русија ќе го посети Пакистан во јануари, со очекувања да бидат потпишани конкретни договориза испорака.

Пакистан потребите за енергенси ги задоволува воглавно со увоз на сирова нафта од ОАЕ, Саудиска Арабија и од Кувајт. Недостигот од гас и високите цени на нефтените деривати поттикнаа инфлација и серија протести во земјата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk