logo
logo
logo

Паднаа сајтовите на големите светски медиуми: Зошто светот утрово беше во медиумски мрак?

Vecer | 08.06.2021

Паднаа сајтовите на големите светски медиуми: Зошто светот утрово беше во медиумски мрак?

Бројни интернет страници на водечките светски медиуми денес во некој момент не работеа, вклучувајќи ги Гардијан, Фајненшал тајмс, Индипендент и Њујорк тајмс, јавува Би-би-си.

На спомнатите сајтови беше прикажана пораката „Грешка 503, не е достапно“, наведува британскиот јавен сервис. Се додава и дека веб адресата на британската влада, gov.uk, исто така не била во функција.

Корисниците на Редит, Твич, Амазон, Етси, Твитер, Пејпал и Спотифај исто така пријавија проблеми.

Сè уште не е познато што го предизвика падот на спомнатите сајтови, но одделни медиуми наведуваат дека имало проблеми (или напад) од Фастли, ЦНД провајдерот кој ги штити страниците.

„Го истражуваме проблемот“, се наведува во краткото соопштение на компанијата Фастли. Соопштението беше објавено на официјалниот сајт на компанијата кој функционира.

Си-ен-ен потсетува дека Дастли ги поддржува веб адресите и апликациите на Гардијан, Њујорк тајмс, Си-ен-ен и многу други. Исто така пружа испорака на содржини за Твич, Пинтерест, ХБО, Редит, Спотифај и други големи интернет платформи.

Другата верзија е дека станува збор за грешка во Амазон веб сервисот (АВС), платформата за клауд услуги која ја користат најпопуларните веб локации во светот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk