ОВА ЗЕ МОЖНИ ВОЕНИ СОЈУЗИ: Ако има војна еве кој ќе ја поддржи САД, а кој Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп скоро најави воен удар во Сирија, и иако испрати помалку воспалителна порака денес, во случај на глобален конфликт, најверојатно ќе формираат два воени блока.

Едниот би застанал зад САД а другиот би ја поддржал Русија. Вашингтон веќе смета на поддршка од неколку земји.

Велика Британија

Уште од случајот со труењето на поранешниот шпиун Сергеј Скрипал, Велика Британија и САД се на иста страна трврдејќи дека зад нападот стои Русија. Исто така сметаат дека зад нападот со хемиско оружје во Сирија стои Москва заради што се најавија можности за удар врз Сирија. Лондон ги испрати своите подморници кон Сирија во домет за ракетен удар, а според тамошните медиуми во текот на денешнипт ден се очекува напад. Британија традиционално е американски сојузник? Со нив учествуваше во интервенцијата во Ирак додека во Сирија соработуваа преку НАТО пактот.

Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека има докази дека за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија стои владата од Дамаск.

„Имаме доказ дека е користено хемиско оружје, дури и хлорин, и да зад тоа стои владата на Башар ал  Асад“, рече Макрон.

„Ние ќе продолжиме да разменуваме технички и стратешки информации со нашите партнери, посебно со Британија и Америка и во наредните денови ќе ја објавиме нашата одлука“, рече Макрон пред неколку дена.

Израел

Израел кој се граничи со Сирија редовно учествува во воените операции насочени против Дамаск. Предходната недела Москва пренесе дека Тел Авив стои зад воздушниот напад во кој е уништена сириската воена баа. Израел исто така е клучен Американски сојузник на блискиот исток. Има и голема поддршка на претседателот Доналд Трамп кој реши да го признае Ерусалим за главен град на еврејската држава.

Саудиска Арабија

Ријад е уште еден од главните сојузници на вашингтонската администрација и е еден од главните играчи во регионот. Трамп минатата година со властите во Саудиска Арабија потпиша воен договор во вредност од 380 милјарди долари. Исто така како сојузник на Иран претседателот на Сирија Башар ал Асад е трн во око на новиот престолонаследник Мохамед бин Саламана. Ријад располага со војска од 300 000 војници и модерен арсенал кој во поголем дел е купен од Америка.

Германија

Германија исто така преку НАТО пактот е сојузник на Америка но денес канцеларката Ангела Меркел соопшти дека нејзината земја нема да ја бомбардира Сирија.

„Цел спектар на мерки треба да се превземат против Сирија но германските сили нема да ја нападнат сириската војска или други владини сили“, рече канцеларката.

Турција

Втората најголема НАТО армија последните две години се повеќе се насочува кон Москва. После соборувањето на рускиот воен авион пред неколку години и претрпени санкции, Анкара е спремна да одржува добри односи со Русија.

Од друга страна, Турција нема намера да ја прекине соработката со САД за Сирија, соопшти претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Никој нема право во Средоземјето и во Сирија да разгорува пожар со воен и политички конфликт. Турција нема намера да ја напушти заедничката работа со сојузникот САД, стратешките односи со Русија и соработката со Иран“, рече Ердоган

Иако Анкара го осуди наводното труење, турскиот министер за одбрана Нуретин Џаникли вчера изјави дека конфликтот помеѓу Русија и САД го запали Блискиот исток. Во случај на конфликт Турција на почеток би вагала помеѓу двете страни или би набљудувала од страна, пред се што војната би се водела на нејзината граница.

Источниот блок

Доколку има војна, се верува дека Русија може да смета на Иран, а можеби и на една многу јака сила.

Иран

Москва и Техеран заедно делуваат во Сирија каде ја поддржуваат владата на Башар ал Асад. Иран е водечка сила во регионот која би можела да и парира на Саудиска Арабија. Исто така е во децениски спор со САД и покрај долготрајните санкции на Вашингтон, Иран успева работи на развој на својата војска па дури и на нукленарната програма. Во сирија има најмалку две воени бази и издвојува голема сума на средства за помош на актуелната власт.

Кина

Иако Пекинг вчера не се огласи за новонастанатата криза, Кина и Русија веќе со години работат на економски развој и воен сојуз. Како што пренесуваат одредени медиуми, кинеските борбени бродови кои се наоѓаат во Средоземното море, добија наредби во случај на воена ескалација во овој дел од светот да реагираат под команда на руската воена морнарица. Тоа практично значи доколку САД удри по целите во Сирија нема да може да помине без активно учество на војската на Кина.

Кина сепак не е толку блиску до Сирија за да би можела да реагира во првите денови од војната, а најблиската база се наоѓа во Африка. Сепак во состојба на поширок конфликт можно е да со очекува реакција на Пекинг со Москва. 

Локалните сили

Од војниците на терен најактивни се официјалните сириски воени сили кои ја поддржуваат Русија. Додека бунтевниците на северот од земјата добиваат помош од САД. Курдите на северот се декларираат како сојузници на Америка иако немаат лоши односи со Русија додека Вашингтон во неколку наврати ги остави на цедило. Сепак, Курдите активно војуваат против Турција и доколку Анкара влезе во војна можно е да застанат на спротивната страна.

Во сирија е активен и Хезболах подпомогнат од Иран и се смета за едена од најдобро припремени паравоени групации во регионон со повеќегодишно воено искуство.

На територија на разорната Сирија исто така има припадници на уништената Исламска држава, иако има мала веројатност нејзините борци да направат голема разлика во воената состојба.

Поврзани

Најнови вести

Коментари