logo
logo
logo

Ова се прогнозите за КРАЈ на пандемијата

Vecer | 22.05.2021

Ова се прогнозите за КРАЈ на пандемијата

Пандемијата на Корона вирусот во моментов покажува две лица. Нов Зеланд го прави она за што сите  копнееме - им дозволува на своите жители да водат нормален живот. И не само тоа, сликите од рок концертот во главниот град Велингтон го обиколуваат светот. Десетици илјади луѓе стојат збиени едни до други и весело ги пеат своите омилени хитови - без маска и без безбедно растојание.

Од друга страна, земји како Индија нè потсетуваат дека вирусот сè уште беснее. Здравствениот систем се сруши под налетот на вториот бран на короната.

Универзитетот Џон Хопкинс објави дека ниту една друга држава не пријавила толку смртни случаи (4500) од Корона вирус за еден ден како Индија. Тој број е веројатно поголем, со оглед на тоа што има многу непријавени случаи.

Веќе една година се поставува прашањето кога може да го очекуваме крајот на пандемијата. Досега одговорите беа отрезнувачки, но тоа се смени. Бидејќи водечките германски виролзи зборуваат за „добро лето“, многумина се надеваат на ставање крај на пандемијата. Во Германија, инциденцата паѓа под 100, а бројот на вакцинирани се зголемува дневно.

И во САД, експертите покажуваат оптимизам. Епидемиологот од универзитетот Џон Хопкинс, Џастин Леслер, за „Вашингтон пост“ изјави дека изгледа „вакцините ќе победат“. И вирусологот Ентони С. Фаучи, кој ја советува Белата куќа, е уверен дека „пандемијата ковида-19 ќе заврши“. Тој додава: „Ако успееме да вакцинираме околу 70 проценти од луѓето до есен, ќе излеземе од фазата на епидемија и ќе влеземе во фаза на контрола“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk