Ова се новите евра: Опремени се со сателитски холограми, заштитени од фалсификати и помали се од сегашните (фото)

Новата верзија на банкнотата од 100 и 200 евра се заштита од фасификување и се помали димензии, со што ќе биде полесно да се ставаат во паричникот и ташната.

Банкнотата која денеска ја претстави Европската централна банка се иста висина како банкнота од 50 евра со што нема да стрчи и да се оштетува.

Исто така, опремени се и подобрени со "сателитски " холограм кој покажува мали симболи на еврото кои се движат околу бројот кога новчаницата се подигне и помести..

Членот на извршниот одбор на Европската централна банка за време на прикажувањето на банкнотата нагласи дека повеќе од милион банкномати мора да бидат прилагодени пред да бидат пуштени новите банкноти во промет.

Поврзани

Најнови вести

Коментари