Oва е „херојот“ што срушил најмногу американски ракети

Руската државна медиумска пропаганда го слави Мухамед Саиди, шефот на воздушната одбрана на воениот аеродром Думер кој го предводел тимот задолжен за соборување на испалените наведувани американски проектили Томахавк.

Според руски и сириски податоци кон аеродромот Думер биле испалени дури 12 Томахавк ракети кои се едни од најмодерните и најпрецизните на американската морнарица и се испалуваат од воени разорнувачи на големи далечени од Медитеранот.

Саиди тврди дека со помош на антиракетните системи Бук кои се од руско производство, биле соборени сите упатени проектили на сојузниците и дека е спречена огромна штета врз воената база и значајниот аеродром во Думер кој го користеше и руската војска.

И САД и Русија со свои различни тврдења го користат неодамнешниот воен напад за да докажат кој има помоќно и попрецизно модерно оружје иако двете страни одлучија да избегнат директен конфликт на сириско тло овој пат.

Поврзани

Најнови вести

Коментари