logo
logo
logo

ОВА Е ЦЕНАТА НА ВОЈНАТА: Весник објави слики од ЗАГИНАТИТЕ ДЕЦА (ФОТО)

Vecer | 27.05.2021

ОВА Е ЦЕНАТА НА ВОЈНАТА: Весник објави слики од ЗАГИНАТИТЕ ДЕЦА (ФОТО)

На насловната страница на израелскиот дневен весник „Харетц“ се објавени фотографии од палестински деца и тинејџери, 67 од нив, кои беа убиени во последните судири.

„Ова е цената на војната“, се вели на насловната страница на весникот, заедно со портретите на убиените. Станува збор за еден оод најстарите весници кој во соработка со „Њујорк Тајмс“, објави фотографии, години и стории за жртвите на возраст од шест месеци до 17 години.

Вкупно 254 Палестинци загинаа во израелскиот бомбардирање, според Министерството за здравство во Газа, а една четвртина од загинатите се деца.

Харетц ги објави приказните за убиените помалку од една недела по стапувањето во сила на прекинот на огнот, ставајќи крај на последната ескалација на палестинско-израелскиот конфликт и политичката криза во Израел.

Израелската војска соопшти дека некои од децата убиени во Газа биле убиени од „погрешно насочени ракети од палестински екстремисти“. Во Израел, во последниот конфликт загинаа 13 лица, меѓу кои петгодишно дете и 16 годишно дете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk