logo
logo
logo

Отстранета статуата на Теодор Рузвелт од Њујорк, ќе се пренесе во Северна Дакота

Vecer | 20.01.2022

Отстранета статуата на Теодор Рузвелт од Њујорк, ќе се пренесе во Северна Дакота

Градската канцеларија за култура на Њујорк мина ата година донесе одлука да се отстрани  статуата на поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт, што стоеше пред Природнонаучниот музеј во „Големото јаболко", и истата сега ќе биде преместена во претседателската библиотека на Рузвелт во Медора, во сојузната држава Северна Дакота.

Работниците вчера ја демонтираа статуата на американскиот претседател, што беше откриена во 1940 година, а го прикажува Рузвелт на коњ, додека покрај него стојат индијанец и Афроамериканец. Критичарите ваквата композиција на статуата ја нарекоа симбол на колонијализмот и расизмот.

„Њујорк Тајмс" лани напиша дека градската канцеларија за култура донесе одлука за отстрануваше на статуата од местото на кое стоеше 80 години и дека истата ќе биде преместена Северна Дакота.

Природнонаучниот музеј на својата веб-страница објави дека е горд што е поврзан со семејството Рузвелт, но дека во моментов статуата „пренесува порака за расна хиерархија која музејот и јавноста веќе подолго време ја сметаат за вознемирувачка".

Рузвелт беше претседател на САД од 1901 до 1909 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk