logo
logo
logo

Откриено е кои приниципи ГО НАПРАВИЈА ИЛОН МАСК ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ

Vecer | 13.04.2021

Откриено е кои приниципи ГО НАПРАВИЈА ИЛОН МАСК ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ

Илон Маск е вториот најбогат човек во светот и неговото богатство се проценува на околу 171,6 милијарди долари. Минатата година беше дефинитивно негова, бидејќи забележа успеси со обете компании: SpaceX испрати астронаути во вселената и успешно ги врати на Земјата, а Тесла е официјално единствениот профитер меѓу авто-гигантите.

Иако тој доминира на пазарот за е-возила, и воопшто во бизнисот, Маск е исто така семеен човек. Тој е многу близок со неговата мајка Маја, сестрата и братот, новата избраничка и неговите седум сина.

Ова се тајните на деловниот успех на Илон Маск:

1. Држете се до ставот дека „не е сè во парите“. Кога бил интервјуиран од новинар на Би-Би-Си во 2014 година, Маск не знаел колку пари има на својата сметка, поточно, тој рече дека не знае колку е богат.

Тој верува дека огромното богатство е оправдано само ако настанало поради некоја етичка причина, со некаква смисла.

2. Следењето на сопствените страсти води кон успех. Маск вели дека го основал „SpaceX“ затоа што постоечките вселенски компании не биле доволно амбициозни „за неговиот вкус“.

3. Не плашете се да „сонувате големи работи“. Навистина, овој Американец, чиј коефициент на интелигенција е 155, сака револуција во автомобилската индустрија, колонизација на Марс, изградба на супербрзи возови во вакуумски тунели, интеграција на вештачката интелигенција во човечкиот мозок и промовирање на индустријата на соларна енергија и батериите.

4. Бидете подготвени да ризикувате. Она што го прави Маск не е ниту конвенционално ниту глобално прифатено, ниту беше профитабилно на почетокот. Сепак, ризикот се исплатеше.

5. “Не се врти и фокусирај на критиките” е мотото кон кое строго се придржува основачот на „Тесла“, во спротивно тој не би бил таму каде што е. Маск честопати во учулиште бил несфатен и малтретиран, па своите боречки вештини ги усовршил на 15-годишна возраст.

6. Уживајте, бидете горди на себе. Маск е познат работохолик, не се двоуми да работи во фабрика, но знае и да ужива. Тој неодамна го доби седмиот син, кој ќе наполни една година во мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk