logo
logo
logo

Вечер Тема

Како ЧЕЧЕНИТЕ од непријатели СТАНАА УДАРНА РУСКА ВОЈСКА во Украина

Vecer | 22.04.2022

Како ЧЕЧЕНИТЕ од непријатели СТАНАА УДАРНА РУСКА ВОЈСКА во Украина

Тој 21 април 1996 година, во спектакуларната акција на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и рускиото воздухопловство, лидерот на чеченските бунтвнички сили кои се бореа за отцепување од Русија и создавање своја држава беше ликвидиран водачот и воениот командант на Чеченската Република Ичкерија (Чеченија) и поранешниот советски воздухопловец, чеченскиот генерал Џохар Дудадев.

Од оваа ликвидација пред точно 26 години, иако повеќето информации беа познати, се создаваа мистерии и митски приказни кои беа уште поизразени со наслови на весници во рускиот и турскиот печат дека сè, всушност, дури и не се случило и дека не постои ливидацијата на Дудаев, иако вдовицата на Џохар Дудадев беше сликана до мртвото тело на сопругот.

Оваа приказна за ликвидацијата на рускиот непријател број 1 започна со процесот на дезинтеграција на некогашниот СССР.

Имено во ноември 1990 година, Врховниот Советски на Чеченско-Ингушка република кој беше дел од РСФСР (Руската Федерација), усвои декларација за државен суверенитет и во тој момент се создаде и официјално сепаратистичко движење, кое на крајот ја иницираше крвавата граѓанска војна на крајот од ноември 1994 година во која како лидер на тоа движење се појави поранешниот советски генерален и пилот на стратешки бомбар Ту-95, Џохар Мујевич Дудадев, кој во својата 46-тата година одлучи да го напушти воениот повик и руската војска каде беше со чин генерал-мајор и го презеде управувањето со непризнаена Република Ичкерија, со што предизвика војна и силна исламизација.

Џохар Дудадев припаѓал на раководтсвото на чеченското сепаратистичко движење, а големата популарност стекнал кога одбил да потпише федерален договор со кој руските советски федералистички републики биле реорганизирани во Руската Федерација. Дудаев го отфрли тоја договор и не го призна новиот Устав на Русија.

Дудаев не беше само за независна Чеченија од Руската Федерација, неговата земја сакаше да се одвои од Ингушетија со заедно ја сочинуваа единствената Чеченска Република. Иако, и двата народи се муслимани.

Првата Чеченска војна заврши со катерстрофален пораз на руската армија. Неодлучноста, предавството, лошото раководење и постојаните напади врз руската војска во Чеченија беа погубни за моралот на руските војници. Русија беше пред пораз во воените акција и беше приморана да бара мировно решавање на овој конфликт, но и начин за ликвидација на лидерите на бунтот.

Таа пролет, во 1996 година, тогашниот руски претседател Борис Јељцин донесе одлука дека по втор ќе се кандидира за претседател на Руската Федерација а војната во Чеченија беше битен фактор за негова поддршка и успех. На 31 март истата година се отвори нова фаза на чеченската војна.

Јељцин направи план за "Решавање на кризата во Чеченската република", а најважната точка беше прекинувањето на воените операции на територијата на Чеченија од 31 март 1996 година. Властите во Кремљ сфатија дека постигнувањето на мирот е невозможно без преговори, колку и да беше тешко тоа да се направи по серијата воени неуспеси на теренот. Сепак, по тие намери на Елцин се создадоа две струи во руската армија и во ФСБ беше очигледен, по што победи струјата која инсистираше на воена ззавршница на војната во Чеченија, а не преговори.

Кој точно во руската власт ја застапуваше страната за воено решение по секоја цена, и ликвидацијата на Џохар Дудаев, до денес не е познато.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=HctsE7_mIb8[/embed]

Како е ликвидиран Дудадев 

Разузнавачите на руското ФСБ и военото разузнавање ГРУ бараа начин да се ликвидира Џохар Дудаев, но долго неаа успех. Беше речиси невозможно да се добијат точни информации за тоа каде се движи и за неговите навики. Со помош на информаторите меѓу Чеченците кои ги имале во ФСБ, за информации кои морале да се платат  милион долари, откриле дека Дудаев често доаѓа во селото Гехи Чу, до 21 април за неколку недели претходно три пати бил на истата локација, а според информаторите на 21-ви април планирал повторно да го посети тоа село во Чеченија.

Алтернативно, постоела опција дека ќе посети и друго село во близина на Гехи Чу каде што Русите на патот и локацијата поставиле нагазни мини, но Дудаев не се појавил по тој пат и на таа локација. Се пристапило кон основниот план, а тоа е неговата посета на селото Гехи Чу. За да се постигне планот од руското ФСБ и ГРУ морале да постапуваат брзо, и со изненадување, при што за ликвидацијата на Дудаев се побарала помош и од руското воздухопловството.

Планот доби зелено светло од руското раководтсво. ФСБ дошле и до податоци дека Џохар Дудадев често се јавува и разговара преку сателитски телефон со неговиот пријател на Константин Боров. Оперативците на ФСБ ги дознале координатите и сигналот на неговиот сателитски телефон и следеле колку често и долго разговара со Боров. Планот за ликвидација на Дудадев бил комплетиран и, според тој план, Дудаев бил ликвидирана со дефанзивната ракета лансирана од авионот според локација и сигнал на неговиот сателитски телефон додека зборувал.

Поучени од претходните лоши искуства и честото пробивање на тајните операции, од руското ФСБ и ГРУ овој план го криеле дури и од државниот врв, а за него знаеле помалку од шест луѓе.

На 21 април 1996 година, во вечерните часови, полетал специјалиот руски авион-авакс за снимање и контрола на комуникации А-50, со што започнала операцијата на ликвидацијата на Џохар Дудадев. Авионот полетал од воениот аеродром во западниот дел на Русија во насока кон Чеченија, а пред да полета не му е кажана задача за летот туку откако летот започнал. Заедно со аваксот А-50полетале и два авиони ловци пресретнувачи Сухој Су-24, кои под крилјата носеле по два антирадарски ракети KH-27PS.

Додека А-50 се искачувал на висина од 12.000 метри, практино вон досег на радарите од земјата, почнал да кружи околу границата со Чеченија. Во тоа време Џохар Дудадев се упати кон претпоставената локација кон селото Гехи Чу од каде што ќе може да ги контактира преку сателитски телефон своите пријатели во Москва.

Конвој од три возила Лада Нива се движел кон селото Гехи Чу во јужниот дел на Чеченија при што запреле, а Џохар Дудадев излегол од едното возило и го вклучил својот сателитски телефон поставен на хаубата на автомобилот. Веднаш штом тој Дудаев добил сателитски сигнал го повикал бројот на Константин Боров во Москва.

Само неколку секунди по повикот на Дудаев до Боров, уредите на рускиот наменски авион-авакс А-50 го фатиле сигналот на неговиот сателитски телефон. Откривањето на локацијата било доволно за еден од двата ловци авиони Сухој СУ-24М да лансира антирадарска ракета до местото на неговиот сателитски телефон.

Противрадарската ракета Kh-27PS го погодило возилото Лада Нива во близина на кое Дудаев стоел разговарајќи на сателитскиот телефон. На лице место загинале двајцата негови војници кои биле во автомобилот, како и Џохар Дудаев. Сопругата на Џохар Дудаев, Ала, преживеала со чиста среќа, бидејќи неколку секунди пред да погоди ракетата отишла на блиската ливада и се оддалечила од возилото, со што ја избегнала смртта.

Покрај двајцата телохранители, заедно со Дудаев, убиен е и претставникот на Чеченската Република Ичкерија во Москва, Хамад Курбанов и уште две лица, од кои едното наводно работело за руската разузнавачка агенција ФСБ.

Подоцна, Чечените се обидуваа да го намалат шокот и изненадувањето со информации дека  Дудаев бил жив по антирадарскиот ракетен напад, но на крајот потврдија дека починал два часа подоцна во локалната болница.

Пресврт! Чечните од душмани стануваат најлојални на Москва

Додека првата војна (1994-1996) главно била водена со мотив од национализмот за де факто независност на Ихчерија (Чеченија), голем дел од чеченските сили во втората чеченска војна во 1999 година ја започна Русија а против неа беа џихадисти, верски исламски фанатци, како што е чеченските муџахедини. Ахмат Кадиров, како главен чеченски муфтија, беше со критички став кон вахабизмот, на кој многу од странски борци се придржуваале во Чеченија.

Кога меѓународната ислмска бригада од џихадисти го нападна Дагестан, есента 1999 година, Ахмат Кадиров - водечка фигура во движењето на отпорот - одлучи да го напушти бунтот и ја понуди својата поддршка на руските федерални сили во втората чеченска војна. Аслан Машхадов, генерал и предводник на чеченската војска, веднаш го смени Ахмад Кадиров од местото главен муфтија иако овој декрет никогаш не бил прифатен од Кадиров, кој сам се откажал неколку месеци подоцна поради својата цивилна кариера. Според Џејмс Хјуз, вртењето на Кадиров можеби е мотивирано делумно со лична амбиција и делумно со загриженост со очајната состојба на чеченското население, а исто така беше присутен и страв од зголеменото влијание на Вахабистите, џихадистите од странство, на бунтот и иднината на Чеченија.

Во тоа време, воочи Втората чеченска војна (1999-2000), Чеченија (Ихчерија) дефакто имаше самостојност но вплеткувањето на исламски џихадисти од странство и нападите врз Дагестан, како и поставувањето бомби и терористички напади во Москва и ширум Русија предизвикаа руски напад на Чеченија, и реална можност од губење на чеченската државна самостојност во такви околности. Според Ахмат Кадиров, таа состојба носеше опасност од пораз и целосно губење на Чеченија, и тоа е мотивот Кадиров да се спротистави на џихадистите.

Работите во однос на првата чеченска војна темелно се менуваат и во Москва. Во 1999, неколку месеци пред Втората чеченска војна, на место премиер на Русија стапува Владимир Путин, разузнавачки офицер од Петроград. Од мај 2000-та Владимир Путин станува претседател на Русија со што завршува времето на нестабилната и кревка власт на Борис Јелцин.

Руските сили во јуни 2000 година воспоставија власт над Чеченија. Ахмат Кадиров низ преговори со Путин успева во обидот да ја спаси автономијата на Чеченија и бил назначен за шеф на администрацијата на Чеченската Република од страна на рускиот претседател Владимир Путин, привремена преодна канцеларија додека не се промени уставот. На 5 октомври 2003 година, Ахмат Кадиров беше избран за прв претседател на Чеченија. На оваа позиција тој остана близок соработник на Путин и властите во Москва, а Чеченија се стекна со стабилен статус на Република.

На 9 мај 2004 година, при експлозијата во ВИП ложата на фудбалкиот клуб Динамо во главниот чеченски град Грозни загинува Ахмат Кадиров. Двајца од неговите телохранители, претседателот на Чеченскиот државен совет, новинар на Ројтерс, и дури десетина други, исто така, беа убиени (подоцнежниот извештај објави дека повеќе од 30 лица загинале). Околу 50 други беа повредени, меѓу кои и генералот Валери Баранов, командант на руските сили во Чеченија, кој изгуби нога во експлозијата. Исламистичкиот чеченски бунтовнички водач Шамил Басаев подоцна тврдеше дека платил 50.000 долари за нападот.

Ахмат Кадиров имаше четири деца, две ќерки (Зарган и Зулај) и два сина. Постариот син, Желибхан Кадиров, починал на 31 мај 2004 година. Помладиот син, Рамзан Кадиров, ја водеше милицијата на својот татко и беше назначен за премиер и претседател на Чеченија во март 2007 година.

Денес, Рамзан Кадиров, како руски генерал, е предводник на чеченските воени единици кои, во составот на руската војска, се една од трите ударни специјални воени сили во украинската војна заедно со Спезназ и Росгарда. Носат чеченско знаме со лик на Ахмад Кадиров.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk