logo
logo
logo

Откриен е мотивот на Сириецот, кој вчера со нож нападна мали деца во Франција со повик кон Исус

Vecer | 09.06.2023

Откриен е мотивот на Сириецот, кој вчера со нож нападна мали деца во Франција со повик кон Исус

Напаѓачот е 31-годишен Сириец, кој со нож избодел четири деца и двајца возрасни на детско игралиште во мирниот алпски град. Најмалку едно дете било во количка.

Избодените деца се на возраст од 22 месеци до три години, соопшти полицијата. На социјалните мрежи се појави страшна видео снимка од нападот, на која се гледа како преплашен напаѓач со нож бара и прободува деца на детско игралиште, вклучително и прободува дете во количка. Видеото е крајно вознемирувачко и нема да биде објавено.

Како што објавивме вчера, напаѓачот е сириски христијанин кој дошол во Европа пред 10 години. Тој добил статус на бегалец во Шведска, од каде што пристигнал во Франција пред четири месеци, откако се развел од сопругата, која вели дека оттогаш не знае ништо за него. Тој оставил и тригодишна ќерка во Шведска.

Во минатогодишното барање за статус на бегалец во Франција тој изјавил дека е сириски христијанин. За време на вчерашниот напад на децата во паркот, Сириецот се повикал на името на Исус Христос. Откако бил уапсен, кај него биле пронајдени крст и христијански молитвеник.

Француските власти вчера соопштија дека мотивот за нападот не бил терористички и дека напаѓачот немал криминално досие, ниту пак се лекувал од психички проблеми.

Сепак, денеска министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин објави значајна информација, која може да биде важна за откривање на мотивот на избезумениот напаѓач. Имено, Сириецот аплицирал за статус на бегалец во Франција, а неговото барање било одбиено пред само неколку дена.

„Таа случајност е загрижувачка. Тој го направи она што го направил само неколку дена откако неговото барање беше одбиено“, рече Дарманин.

Би-би-си јавува дека напаѓачот во последните денови е виден во близина на игралиштето. Зјапал во блиското езеро и мрморел без здив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk