logo
logo
logo

Осудени се полицајците од САД, кои убија момче кое барало помош на патот (ВИДЕО)

Vecer | 24.11.2022

Осудени се полицајците од САД, кои убија момче кое барало помош на патот (ВИДЕО)

Поранешните заменици на шерифот на округот Клир, Крик Ендрју Буено и Кајл Гулд се обвинети по пет месеци откако го убија 22-годишниот Кристијан Глас. Тие се обвинети за убиство од втор степен, злоупотреба на овластувањата и убиство од небрежност.

Двајцата биле отпуштени веднаш по поднесувањето на обвинението. Портпаролката на полицијата Никол Ленц рече дека „внатрешната истрага од канцеларијата на шерифот открила пропусти во политиката и процедурата“, додавајќи дека првичната изјава на канцеларијата по инцидентот „не го одразува она што се случи таа страшна ноќ“.

Вечерта на 10 јуни, Глас повикал полиција бидејќи автомобилот му се заглавил на насип. Видео снимките од камерите на телото на полицајците покажале дека Глас одбивал да излезе од својот автомобил, им рекол на полицајците дека е „исплашен“ и направил гест во облик на срце со рацете.

Полицајците се обиделе да го убедат да излезе од автомобилот. По повеќе од еден час преговори заклучиле дека Глас бил „некооперативен“ и го скршиле стаклото на совозачката страна и од возилото извадиле нож. Глас се понудил да ги фрли двата ножа низ прозорецот, но, како што се гледа од видеото, полицајците му рекле да не го прави тоа.

Откако полицајците го скршиле прозорецот, Глас во паника го грабнал вториот нож. Полицајците потоа го застрелале Глас со гумени куршуми и го шокирале со пиштол за шок. На видеото се гледа како Глас се врти на своето седиште и вперува нож кон полицаецот кој се приближува до задното возачко стакло. Потоа, другиот полицаец пукал од пиштолот, погодувајќи го Глас шест пати, според извештајот од обдукцијата.

За време на прес-конференцијата, мајката на Глас, Сали Глас, изјавила дека нејзиниот син страдал од депресија, дека му била дијагностицирана АДХД, дека тој ден најверојатно „имал психотична епизода“ и дека бил „преплашен“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk