Ослободен Дамаск, урна последната бунтовничка енклава во западна Сирија

Последната група борци на „Исламска држава“ денеска биле евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што е целосно вратена контролата врз оваа област. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека со автобуси синоќа после полноќ биле евакуирани борците на ИСИС и нивните семејства од Дамаск и однесени до границата.

Тие отпатувале во правец на сириската Бадија (т.н. сириска или јорданска степа – полупустински ненаселен реон источно од главниот град.

Со ослободувањето на енклавата кај Јармук, сириската влада ја урна последната бунтовничка енклава во западна Сирија. Под контрола на терористите и бунтовниците против режимот на претседателот Башар Асад остануваат само териториите на границите со Турција, Ирак и Јордан.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари