logo
logo
logo

Оштетени се далноводи на нуклеарката во Запорожје- Русија и Украина со меѓусебни обвинувања

Vecer | 05.08.2022

Оштетени се далноводи на нуклеарката во Запорожје- Русија и Украина со меѓусебни обвинувања

Во соопштението објавено на Телеграм, руската администрација објави дека избувнал пожар во реонот на нуклеарната централа, со која сè уште управуваат украински техничари и дека електричната енергија неопходна за безбедно функционирање на нуклеарната централа, била исклучена.

Украина ја обвинува Русија за нападите во близина на нуклеарната централа. Украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом објави дека Русија ја гранатирала централата, но дека таа сè уште работи и дека не е откриено ослободување на радиоактивност. Таа објасни дека е одлучено да се исклучи еден од реакторите од електричната мрежа поради оштетување на електричните линии што ја поврзуваат електраната со термоелектраната Запорожје, која работи на фосилни горива.

Руската администрација поинаку ја објасни ситуацијата. Тие тврдат дека со гранатирањето биле пресечени два електрични вода. Енерходар и блиската нуклеарна централа паднале во руски раце на почетокот на март и се уште се блиску до бојното поле.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во понеделникот ја обвини Москва дека ја користи централата како штит за своите сили, а Украина ја обвинува Русија дека ги гранатира нејзините позиции од позициите во близина на нуклеарната централа. Русија ги обвинува украинските сили дека постојано ја напаѓале електраната со западната муниција.

Украинското Министерство за надворешни работи ја повика меѓународната заедница „веднаш да преземе мерки за да ја принуди Русија“ да ѝ ја предаде контролата на нуклеарната централа на Украина. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) оваа недела рече дека контактите со централата се „кревки“ и побара пристап за да се утврди дали таа претставува опасност.

„Има контрадикторности во изјавите на руската и украинската страна“, изјави тој за швајцарскиот весник „Тагес-Анзајгер“. „Добивам информации, ги споменувам во моите извештаи за ситуацијата, но не можам да утврдам дали одговараат на фактите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk