logo
logo
logo

Орбан: ВРЕМЕ Е ДА СЕ ЗБОГУВАМЕ СО МАСКИТЕ

Vecer | 21.05.2021

Орбан: ВРЕМЕ Е ДА СЕ ЗБОГУВАМЕ СО МАСКИТЕ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е време да се збогуваме со маските.

Тој така најави дека Унгарија ќе ги укине повеќето од преостанатите ограничувања, вклучително и ноќниот полициски час, штом бројот на вакцинирани ќе надмине пет милиони овој викенд.

Тој рече дека маските повеќе нема да бидат потребни на јавни места, додека може и да се одржуваат собири на отворено до 500 луѓе,  а ќе бидат дозволени и свадби со најмногу 200 лица.

„Ова значи дека го надминавме третиот бран на пандемијата. До викендот ќе достигнеме бројка од пет милиони вакцинирани. Унгарија е побезбедна земја од другите. Дојде време да се збогуваме со маските", рече Орбан.

Унгарија е единствената земја во Европската унија што одобри употреба на руски и кинески вакцини во големи количини пред тие да бидат одобрени од Европската агенција за лекови.

Затоа Унгарија е меѓу водечките земји во Европската унија во однос на вакцинациите, бидејќи 50% од населението примило барем една доза од вакцината. Владата отвори бројни активности и објекти, вклучувајќи пешачки патеки, ресторани, бањи, театри, спортски сали и спортски објекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk