logo
logo
logo

Орбан се заканува дека ќе ја повлече својата партија од клубот на пратеници во Европскиот парламент

Vecer | 01.03.2021

Орбан се заканува дека ќе ја повлече својата партија од клубот на пратеници во Европскиот парламент

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се заканува дека ќе ја повлече владејачката партија „Фидес“ од конзервативниот блок на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, е заклучокот од писмо објавено во неделата.

Орбан во писмото му се обраќа на Манфред Вебер, германски политичар кој ја предводи парламентарната група на ЕПП, дека „Фидес“ ќе си замине доколку конзервативниот блок донесе одлука за промена на регулативата, што беше предложено во петокот.

Предложените измени ќе овозможат одредена група да биде суспендирана или исклучена од блокот на ЕПП со само 50 отсто од гласовите во некои случаи.

Потпретседателката на „Фидес“, Каталин Новак, го објави писмото на „Твитер“.

ЕПП, во која се наоѓа и конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел, веќе неколку години е во кавга со „Фидес“.

Членството на „Фидес“ во ЕПП е суспендирано од 2018 година поради евроскептичната политика на Орбан, но тоа не важи за групата на ЕПП во Европскиот парламент на која „Фидес“ сè уште припаѓа.

Тоа може да се промени по гласањето во среда, кога ќе се одлучува за внатрешните прописи.

Суспензија може да се случи во следните недели, освен ако „Фидес“ не се повлече претходно.

„Промената на регулативата ќе доведе до правно сомнителна суспензија на нашите избрани претставници во групата на ЕПП“, вели Орбан.

„Ако ‘Фидес’ не е добредојдеан, тогаш не се чувствуваме должни да останеме во групата“, додава унгарскиот премиер.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk