logo
logo
logo

Орбан: Санкциите СЕ ВРАТИЈА КАКО БУМЕРАНГ

Vecer | 19.08.2022

Орбан: Санкциите СЕ ВРАТИЈА КАКО БУМЕРАНГ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не верува во воената победа на Западот во Украина, додавајќи дека санкциите веќе почнуваат да паѓаат во вода. 

Во интервју за германските медиуми, тој исто така рече дека смртоносниот конфликт во Украина има потенцијал демонстративно да стави крај на западната хегемонија, на глобално ниво. Како што оценува, кога ќе заврши вооружениот конфликт во Украина, Европа ќе излезе од него значително послаба, во политичка смисла. 

Орбан тврди и дека Западот не е способен да победи ниту воено, ниту економски бидејќи, како што вели, санкциите наметнати на Москва се бесмислени бидејќи не ја постигнале целта – да го ослабат Путин и неговиот режим. „И да бидат работите уште полоши, сето тоа им се врати како бумеранг“, додаде Орбан. 

Тој исто така посочува дека се заборава фактот што „голем дел од светот не застана на страната на САД и ЕУ за украинското прашање, притоа споменувајќи дека Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка, арапскиот свет и Африка не воопшто ја поддржува западната политика за украинскиот конфликт“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk