logo
logo
logo

Орбан одговори на критиките со референдум: ПОБАРА УНГАРЦИТЕ ДА ГЛАСААТ „НЕ“ на сите прашања

Vecer | 21.07.2021

Орбан одговори на критиките со референдум: ПОБАРА УНГАРЦИТЕ ДА ГЛАСААТ „НЕ“ на сите прашања

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ќе распише референдум за Законот за ЛГБТ заедницата, односно за прашањата за заштита на децата.

Референдумот треба да се одржи поради борба против притисокот на Европската унија да ги промени неодамнешните измени и дополнувања на законите за образование и заштита на децата, пренесува Ројтерс.

„Во последните недели, Брисел очигледно ја нападна Унгарија за законот за заштита на децата. Унгарските закони не дозволуваат сексуална пропаганда во градинки, училишта, на телевизија и во реклами", рече Орбан во видеото на Фејсбук.

Објавувајќи го референдумот, Орбан побара поддршка од гласачите за новиот закон за кој го обвинуваат дека ги поткопува правата на ЛГБТ заедницата, бидејќи Европската комисија поведе прекршочна постапка против Будимпешта.

„Брисел очигледно ја нападна Унгарија во последните неколку недели поради законот за забрана за промовирање на хомосексуалноста кај малолетници“, рече премиерот на видеото објавено на Фејсбук.

Потоа наведе пет прашања, вклучително и дали Унгарците прифаќаат во училиштата да се зборува за сексуалност пред нивните деца без нивна согласност, дали поддржуваат, дали поддржуваат промовирање на третман за промена на пол пред малолетници и дали поддржуваат „неограничено промовирање на медиумски содржини од сексуална природа кој имаат влијание на нивниот развој“

Орбан, кој не го наведе датумот на референдумот, побара од Унгарците да одговорат „не“ на сите прашања.

За потсетување, на почетокот на месецот, Орбан се осврна на критиките од Холандија во врска со овој закон.

Тој тогаш во таа прилика рече дека критичарите „задираат на моралната надмоќ вкоренета во колонијалното минато“.

„Ова е колонијален пристап. Тие едноставно не размислуваат за тоа што можат и не можат да кажат за друга нација и законите на друга земја", изјави Орбан за Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk