logo
logo
logo

Орбан не сака Унгарците да ја делат судбината со Украинците

Vecer | 03.10.2025

Орбан не сака Унгарците да ја делат судбината со Украинците

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повтори својот став дека Унгарците не сакаат да бидат во ист сојуз со Украинците за да не ја делат нивната судбина - а судбината на Украинците, според него, е да бидат покрај Русија, рече тој во интервју за унгарското радио Кошут.

„Унгарците не сакаат да бидат во истата Европска унија со Украинците“, рече тој. 

„Доколку сте со некого во федерален систем, ја делите неговата судбина, а Украина е земја со многу тешка судбина. Зошто да ја делиме таа тешка судбина?“, праша тој.

„Не сакаме да ја делиме нашата судбина со нив“

Како што пишува Украинска правда, тој нагласи дека Унгарците имаат своја судбина, која е многу полесна од украинската. 

„Ние чувствуваме жал за нив, сочувствуваме со нив, тие се борат храбро, мора да ги поддржиме, но не сакаме да ја делиме нивната судбина“, истакна тој.

Според унгарскиот премиер, судбината на Украинците е таква што тие живеат покрај Русија и постојано се во војна со Русите. 

Орбан рече дека сака да ја ослободи Унгарија од потребата да биде во федерален систем со Украинците и да се бори со Русите.

„Ако сте во федерален систем со некого и ве нападнат, порано или подоцна ќе мора да испратите војници, а ние не сакаме да умреме за Украина“, рече тој.

Да потсетиме дека Унгарија не ја поддржува идејата за давање „кредити за репарација“ на Украина врз основа на замрзнати руски средства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk