logo
logo
logo

Орбан: ЛЕГИЈА НА МИГРАНТИ ТРОПА СИТЕ ЕВРОПСКИ ВРАТИ

Vecer | 11.06.2021

Орбан: ЛЕГИЈА НА МИГРАНТИ ТРОПА СИТЕ ЕВРОПСКИ ВРАТИ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека со сузбивање на пандемијата, прашањето за миграцијата ќе се врати во фокусот на европските политики.

„Легија на мигранти тропаат на скоро сите европски врати“, изјави Орбан за унгарското радио „Косут“.

Бројот на обиди за илегално преминување на јужните граници на Унгарија, како што наведе, се зголеми на 38.000 оваа година, во споредба со околу 10.000 во истиот период минатата година.

Според него, притисокот на миграцијата се интензивира не само на копно, туку и на европски поморски граници.

„Позицијата на Унгарија е јасна во одбивањето на миграцијата. Миграцијата е особено опасна за време на пандемија, поради што Унгарија предложи да не се дозволува никаква миграција следните две години", рече Орбан.

Коментирајќи за 137 000 луѓе кои не се појавија во закажаното време да ја примат втората доза на вакцина за коронавирус, Орбан рече дека „Унгарците генерално имаат чувство на одговорност, но не секој го има“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk