logo
logo
logo

Тема

ОРБАН ЈА СТРЕСЕ ЕВРОПА, се создава нова МОЌНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ДЕСНИЧАРИТЕ

Vecer | 12.03.2021

ОРБАН ЈА СТРЕСЕ ЕВРОПА, се создава нова МОЌНА АСОЦИЈАЦИЈА НА ДЕСНИЧАРИТЕ

Излегувањето на партијата Фидес предводена од унгарскиот премиер Виктор Орбан од најголемото политичко семејство во Европскиот парламент, ЕПП (Асоцијација на десните, народни партии) ја отвори пандорината кутија, анализираат европските експерти

Покрај тоа, го стимулираше апетитот на конзервативците да ја преобликуваат политичката сцена.

Извор од групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), организација која е паралелна и конкурент на ЕПП во Европскиот парламент за Еуроактив изјави дека групата планира „првично да му ја отвори вратата“ на Фидес, кој пред една недела ја напушти Европската народна партија (ЕПП) од десниот центар.

Следниот чекор ќе биде пристапување на Словенечката демократска партија (СДС), која е исто така сега е член на ЕПП, но нејзиниот лидер, словенечкиот премиер Јанез Јанша, е идеолошки поблизу до Орбан, вели изворот на Еуроактив. Според него, ЕЦР веќе преговара со Јанез Јанша.

„Еуроактив Хрватска“ стапи во контакт со канцеларијата на Јанша и праша дали е тоа вистина, но не доби никаков одговор.

Трета битна десничарска партија од ЕУ, наводно, во разговорите за пристапување кон АЦР е Италијанската лига, водечка политичка сила на анктеите во Италија која сега е поврзана со десничарската група на Марин Ле Пен, Идентитет и демократија (ИД).

- Услов за приклучување на Лигата е да го Италијанското братсво предводени од Џорџо Мелони - изјави изворот.

Орбан неодамна им пиша на Италијанското братсво, нагласувајќи дека ги поддржува и цени затоа што тие делат „христијански и конзервативни вредности“.

Сепак, Мелони неодамна побара укинување на санкциите на ЕУ кон Русија и се чини дека ја изнервира водечката политичка сила во групата - полската партија Право и правда (ПиС).

„Ни Орбан не отиде толку далеку“, вели изворот на Еуроактив, додавајќи дека се според се Мелони стои на патот на „развојот и политичкото преуредување на АЦР кон десноцентристичката партија“.

Како член на групата АЦР Италијанскто братство (Brothers of Italy) со седум европратеници, тие се единствената опозициска партија на владата во Италија предводена од Марио Драги.

Џорџо Мелони е претседател на Европската конзервативна партија, додека европратеникот Рафаеле Фито е еден од двајцата копретседавачи на АЦР во Европскиот парламент.

Лигата на Италија, од друга страна, има 27 европратеници и е дел од италијанската коалициска влада која има тројца министри и девет од 39 државни секретари.

- ЕЦР е подготвена да им понуди на Фидес и на Лигата претседателството на партијата и групата во Европскиот парламент - додава изворот во групата АЦР.

Доколку словенечката СДС и Лигата од Италија се приклучат на ЕЦР, тоа ќе има тежок ефект во ЕПП и во европската десница, поишува Еуроактив, објаснувајќи: „ЕПП ќе изгуби уште еден премиер, додека Марин Ле Пен ќе остане сам во својата крајна десница“.

„Нешто ново е потребно, работиме на создавање на нешто ново“

Сепак, лидерот на Лигата од Италија, Матео Салвини, во разговор во живо на 9 март на неговиот профил на Фејсбук отфрли дека влегувањето во групата ЕПП било на агендата на Лигата. Опцијата за АЦР, според тоа, е жива.

„Работиме на создавање нова група: остра, вкоренета, инклузивна“, рече Салвини и додаде дека „бил во контакт со Полјаци, Унгарци и други“.

Како што рече, „Нешто ново е потребно, ние работиме на создавање на нешто ново, бидејќи одреден тип на Европа, со застарен начин на размислување, не е во можност да одговори на вонредни ситуации, на потребите од 2021 година“.

Салвини веќе се обиде да „изгради мостови“ со полската владејачка партија ПиС и унгарскиот Фидес пред европските избори во 2019 година.

Сепак, фракцијата на Лигата предводена од секретарот на италијанската влада, Џанкарло Џоргети, не преферира активности во новата АЦР, сака Лигата да ги наследи Форца Италија во ЕПП.

Критичарите сметаат дека со создавање нова група и „затворање на вратата“ на ЕПП, Салвини би можел да го заузда засилувањето на Џорџети и неговите приврзаници во Лигата.

„Политичката доверба пропаѓа и фрустрацијата е голема во моментот“, велат критичарите.

Во меѓувреме, проблемите растат во „Да ја обновиме Европа“, третата по големина група во ЕП.

Во „Обновата“, старите „либерали и демократи“ од АЛДЕ се расправаат со раководството на групата и француската делегација на партијата на претседателот Емануел Макрон, дознава „Еуроактив“ од инсајдерски извор во таа група од центарот на политичкиот спектар .

Поради несогласувањата во групата предводена од романскиот Дачијан Колос, “Да ја обновиме Европа“ пропушта можност да се потврди како одржлива алтернатива на десничарската ЕПП и левичарската група на социјалистите и демократите (С & Д), вели изворот.

- По скоро две години, на повеќето делегации сега им е јасно дека групата не ја водат членови на АЛДЕ, тие веруваат дека многу можности беа пропуштени, дека можевме да бидеме поефикасни - рече изворот и додаде дека проблемите се уште повеќе сериозни по минатонеделните проблеми со ЕПП и посочи на можното „мешање карти“ во Европскиот Парламент.

ПЛУС (Партија на слободата, единството и солидарноста) на Колошев не е член на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ), ниту на ЛРЕМ на Макрон, иако сите нивни европратеници седат во групата „Обнова на Европа“.

Извор близок до таборот на Чолош за „Еуроактив“ потврди дека многу пратеници се жалат уште од почетокот на мандатот но, како што вели, станува збор за луѓе кои претежно доаѓаат од „старата АЛДЕ“ кои никогаш не се прилагодиле на новата реалност.

„Зборуваме за старомодни европратеници кои никогаш не се прилагодиле на новиот интензитет на социо-либерализмот инспириран од Макрон и кој Чолош целосно го прифаќа“, и додаде: Историјата оди напред и ние мора да го решиме овој јаз во генерациите.

Се случуваат големи промени во балансот на аевропските политички сили. ЕПП, од која едни излегуваат а други не сакаат да влезат и најавуваат ново здружување на политичката десница - е разнишана асоцијација. А таа асоцијација е најголема политичка сила во Европа и Европкиот парламент. Во ЕПП, помеѓу останатото. членува и ЦДУ на Меркел, а таа е против активностите на Орбан и Салвини и создавањето нова десничарска Асоцијација на конзервативците и реформистите (АЦР).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk