logo
logo
logo

Орбан: Ја напуштаме Европската народна партија

Vecer | 01.03.2021

Орбан: Ја напуштаме Европската народна партија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата партија Фидес ќе ја напушти Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, наместо да ја прифати суспензијата.

Одлуката за суспензија најверојатно, ќе биде донесена в среда, пишува „Политико“.

Орбан во писмото до претседателот на ЕПП, Манфред Вебер, изјавил дека Фидес ќе ја напушти групата доколку новите одредби бидат прифатени в среда.

Минатата недела Вебер и другите лидери на партиите на ЕПП се согласија за воведување нови правила за суспензија кои ќе им овозможат да казнат цела партија членка, а не само еден европратеник.

„Сакам да ве известам, господине претседател, ако одредбите прифатени на состанокот на претседателството и шефовите на националните делегации на 26 февруари бидат ставени на гласање и усвоени, Фидес ќе ја напушти групата“,пишува Орбан во писмото.

Партијата Фидес е веќе суспендирана од членство од март 2019 година, но нејзините членови продолжуваат да учествуваат во работата на ЕПП во Европскиот парламент.

Унгарскиот министер за семејство и потпретседател на Фидес, Каталин Новак, обвини некои членови на групата за вмешаност во „неприфатливи“ борби во време кога „Европа се бори да спаси животи“ среде пандемијата на коронавирус.

Новак, објавувајќи копија од писмото на Орбан на Твитер, ги обвини водачите на групата за промена на правилата за пратениците да на Фидес да бидат протерани затоа што во ЕПП немаат мнозинство за да го стори тоа според сегашните правила.

Потпретседателот и член на ЕПП, Отмар Карас од Австрија, изјави дека групата нема да се потчини на притисокот на Орбан и нема да дозволи да биде уценувана.

„ЕПП ќе продолжи со планираните измени на правилата“,рече тој.

Доколку Фидес ја напушти ЕПП, таа ќе остане најголемата фракција во Европскиот парламент. Во моментов групата брои 187 од 705 европратеници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk