logo
logo
logo

Орбан: Членство во ЕУ темелено на заслуги, а не на безбедносни гаранции

Vecer | 12.09.2025

Орбан: Членство во ЕУ темелено на заслуги, а не на безбедносни гаранции

Членството во Европската Унија не е гаранција за безбедноста, туку процес базиран на заслуги, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, одговарајќи на изјавата на финскиот претседател Александар Стуб дека најсилната гаранција за безбедноста на Украина е членството во ЕУ.

„Членството во ЕУ не е гаранција за безбедноста, туку процес базиран на заслуги. Доколку тоа беше навистина најсилната гаранција за безбедноста, тогаш Финска немаше да има причина да се приклучи на НАТО. Забрзаното пристапување на Украина во ЕУ немаше да ја зајакне нашата Унија - тоа директно би ја вовлекло заканата од војна во неа. Ние предлагаме поразумен пристап“, рече Орбан во објава на мрежата X.

На заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, Стуб вчера изјави дека најсилната гаранција за безбедност и најсилниот пример за стратешкиот пораз на Русија е членството на Украина во ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk