ОПЦВ: Во нападите во Сирија биле користени сарин и хлор

Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ) соопшти дека анализата потврдила дека во нападите на северот во Сирија биле употребени сарин и хлор.

ОПЦВ наведе дека саринот бил употребен јужно од градот Латмена во провинцијата Хама на 24-ти март минатата година.

„Хлорот како хемиско оружје, најверојатно, бил употребен при напад врз болница во Латмена и околната област на 25 март минатата година, се наведува во соопштението на ОПЦВ.

Ова било заклучено на основа на сведочења на очевидци и испитување на примероци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари