logo
logo
logo

ОПАСНО ВО ФРАНЦИЈА: Короната не попушта, новите типови се шират доста БРЗО

Vecer | 19.02.2021

ОПАСНО ВО ФРАНЦИЈА: Короната не попушта, новите типови се шират доста БРЗО

Таканаречен британски тип веќе претставува 36 отсто зараза од ковид низ цела Франција.

Корона вирусот не престанува во Франција. На тоа секако допринесува ширење на новите типови на британската, бразилската и јужноафриканската.

Таканаречен британски тип веќе претставува 36 отсто зараза од ковид низ целата француска територија. Јужноафриканската и бразилската особено се присутни во источниот департман Мозел, каде што од овие типови заболеле дури 32 позитивни, што особено ги загрижува здравствените власи. “Нулти“ пациент во Мозел сеуште не е пронајден.

Спрема последните податоци, во земјата за еден ден се заразило 22.501 лице, а починале 271. На болничко лекување се 25.762 пациенти, 212 помалку од предходниот ден, додека на реанимација се 44 повеќе и вкупно се 3.394.

После подолго време, повторно почнал да расте процентот на позитивни во однос на вкупниот број тестирани. Моментално изнесува 6 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk