logo
logo
logo

ООН: Пандемијата 100 милиони работници ги втурна во сиромашија

Vecer | 02.06.2021

ООН: Пандемијата 100 милиони работници ги втурна во сиромашија

Ковид пандемијата која веќе 17 месеци дивее во светот втурна околу 100 милиони работници во сиромаштија поради намаленото работно време и губење на добра работа, објавија од Обединетите нации.

„Кризата не е завршена и вработувањето нема да се врати на нивото на пандемијата до 2023 година“, предупредува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во својот годишен извештај.

До крајот на 2021 година, светот ќе има нови 75 милиони работни места помалку отколку што би имал доколку не се случеше пандемијата.

Па дури и на крајот на 2022 година, доцнењето нема да се надополни, со 23 милиони работни места помалку отколку што би биле без здравствената криза, која веќе однесе повеќе од 3,5 милиони животи.

„Опоравувањето од ковид-19 не е само здравствен проблем“, рече шефот на МОТ, Гај Рајдер, нагласувајќи дека „ќе треба да се надминат сериозните штети на економиите и општествата“.

„Без напори за создавање пристојни работни места и поддршка на најранливите членови на општеството и закрепнување на најранливите економски области, ефектите од пандемијата може да се траат со години во губење на човечки и економски потенцијал и поголема сиромаштија и нееднаквост“, предвидува Рајдер .

Извештајот на МОТ покажува дека околу 205 милиони луѓе ќе бидат невработени во 2022 година, многу повеќе од 187 милиони во 2019 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk