logo
logo
logo

ОН: За шест месеци во Западен Брег и во Ерусалим убиени 60 Палестинци

Vecer | 04.07.2022

ОН: За шест месеци во Западен Брег и во Ерусалим убиени 60 Палестинци

Во првата половина од 2021 година убиени се 78 Палестинци, додека во 2020 година животот го загубиле 24 Палестинци.

Локалната Канцеларија на Обединети нации за човекови права наведе дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) користат смртоносна сила „на начин, што се чини, дека е целосно неконзистентен со законот за човекови права“.

– Во неколку инциденти, смртоносната сила се чини дека е употребена како прво, наместо последно средство за спротивставување на наводната закана, се наведува во извештајот на ОН.

ИДФ изминатите месеци ги интензивираа операциите во Западниот Брег како одговор на серијата напади врз Израелците. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk