ОН: Потребно е да се обезбеди храна за 20 милиони лица во Јемен

Повеќе од 15 милиони луѓе во Јемен се наоѓаат во кризна ситуација, а оваа бројка би можела да достигне до 20 милиони доколку на земјата не и се обезбеди помош во храна, соопшти Светската програма за храна на Обединетите нации.

Истражувањето кое што во октомври го спровеке јеменски и меѓународни стручњаци, покажало дека 65 илјади луѓе се соочуваат со гладување, а повеќето од нив се во областите каде има судири.

,,Оваа бројка може да се зголеми на 237 илјади луѓе, доколку помошта не допре до нив”, се наведува во соопштението на Светската програма за храна на ОН.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари