logo
logo
logo

ОН: Израел не смее да наметнува свои закони за иселување на Палестинците

Vecer | 10.05.2021

ОН: Израел не смее да наметнува свои закони за иселување на Палестинците


Портпаролот на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Руперт Колвил, вели дека ако биде наредено и спроведено иселување од населбата Шеик Џара, со тоа ќе се прекршат израелските обврски според меѓународното право.

Во соопштението објавено од Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права, Колвил истакнува дека Источен Ерусалим останува дел од окупираната палестинска територија во која се применува меѓународното хуманитарно право, со оглед на вознемирувачките сцени од Шеик Џара.

Според истражувањето на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи во 2020 година, против најмалку 218 палестински домаќинства во окупираниот Источен Ерусалим, вклучувајќи ги и семејствата во Силван и во Шеик Џара, покренати се случаи на иселување, повеќето иницирани од доселенички организации, со што 970 лица, вклучително и 424 деца, се изложени на ризик од раселување.

Израел мора да почитува и не може да конфискува приватен имот на окупирана територија и мора да ги почитува, освен ако е апсолутно спречен, законите што се на сила во земјата. Ова значи дека Израел не смее да наметне свои закони на окупирана територија, вклучително и Источен Ерусалим, за да ги истера Палестинците од нивните домови, рече Колвил.

Колвил истакна дека трансферот на делови од цивилното население на Израел на територијата што ја зазема е забрането според меѓународното хуманитарно право и може да претставува воено злосторство.

Портпаролот на високиот комесар го повика Израел веднаш да ги запре сите принудни иселувања, вклучително и оние во Шеик Џара, и да ја почитува слободата на изразување и собирање, вклучително и оние кои протестираат против иселувањата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk