logo
logo
logo

Омикрон бил присутен во Холандија и пред доаѓањето на патниците од Јужна Африка

Vecer | 30.11.2021

Омикрон бил присутен во Холандија и пред доаѓањето на патниците од Јужна Африка

Најмалку 14 позитивни лица на омикрон пристигнале од Јоханесбург и Кејп Таун на аеродромот Шипхол во Амстердам на 26 ноември, објави Националниот институт за здравје (RIVM).

„Но, најдовме варијанта на омикрон во два тест примероци од 19 и 23 ноември“, соопшти RIVM. „Сè уште не е разјаснето дали овие лица ја посетиле Јужна Африка“, додаваат тие.

Откритието на омикрон го загрижи светот и се стравува дека постоечките вакцини не се ефикасни против новата варијанта, што може да ја продолжи пандемијата на коронавирус која трае речиси две години.

Околу шеесет патници, од кои повеќе од 600 на летовите од Јужна Африка, се позитивни на коронавирус. Тие се во карантин од минатиот петок.

Холандските власти, исто така, бараат да контактираат и тестираат околу 5.000 патници кои пристигнуваат од Јужна Африка, Боцвана, Есватини, Лесото, Мозамбик, Намибија и Зимбабве.

Во Холандија, во неделата стапија на сила построгите мерки против Ковид-19 за да се спречи ширењето, со оглед на рекордниот број инфекции од околу 20.000 дневно и за да се намали притисокот врз болниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk