logo
logo
logo

Околу половина милион новозаразени со Ковид-19 за еден ден во светот, Шведска втора во Европа

Vecer | 14.04.2021

Околу половина милион новозаразени со Ковид-19 за еден ден во светот, Шведска втора во Европа


Повеќе од 567.000 лица новозаразени со Ковид-19 во претходните 24 часа, според податоците објавени од Светската здравствена организација.

Досега се заразени 136.291.128 лица, а починаа 2.941.128 пациенти, додека за 24 часа бројот на заразени скокна за 567.849, а починаа 9.521 пациент, објавуваат светските агенции .

Најголем број на новоинфицирани има во Југоисточна Азија – 175.614 лица, следна е Европа со 159.163 лица, потоа Северна и Јужна Америка со 153.573 новозаразени со коронавирус.

Први по бројот на случаи на Ковид-19 се Соединетите држави со 30.888.865 лица, следени од Индија со 13.689.433 и Бразил со 13.482.023 заболени лиц со коронавирус.

Во последните 24 часа во Индија е потврден рекорден број од 184.372 новозаразени со коронавирусот, соопшти министерството за здравство на таа земја.

Стапката на новозаразени со коронавирусот во Шведска минатата недела ја искачи земјата на второто највисоко ниво во Европа, покажуваат најновите податоци.

Бројот на пациенти на интензивна нега во Шведска го надминал врвот на вториот бран на пандемијата на крајот на минатата година.

Според податоците на локалните здравствени власти, од петокот во Шведска имало 19.105 нови случаи на Ковид-19 пренесуваат агенциите.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk