Околу 10 милиони луѓе се во опасност од моќниот тајфун на Филипините

Илјадници луѓе се евакуирани од крајбрежните подрачја на Филипините каде што голем тајфун се приближува до копното.

Тајфунот Мангкнут, кој носи ветер со брзина од 255 киломери на час, во текот на викендов ќе удри на копното во јужниот дел на островот Лузон. Училиштата и фирмите се затворени, а сите летови се откажани.

На патот на тајфунот се наоѓаат 10 милиони луѓе, заедно со неколкуте милиони кои живеат во крајбрежјето на југот на Кина, кои, исто така, се во опасност.

Годишно окоу 20 тајфуни ги погодуваат Филипините. Метеоролозите предвидуваат дека Мангкнут ќе биде најсилен тајфун за оваа година. Филипинските власти предупредија дека се очекуваат бранови од седум метри и пороен дожд кој може да предизвика свлечишта и поплави.

Портпаролот на Советот за намалување ризици од катастрофи, Едгар Посадас, рекол дека се очекува со невремето да бидат погодени 5,2 милиони луѓе, вклучувајќи и милиони кои живеат во сиромаштија.

Најсмртоносен тајфун на Филипините беше тајфунот Хајан во 2013 година во кој загинаа повеќе од 5 000 луѓе.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари