logo
logo
logo

Огромен леден гребен се откина од Антарктикот

Vecer | 24.01.2023

Огромен леден гребен се откина од Антарктикот

Големината на ледената формација е приближно колку Лондон со неговите предградија. Истражувачите велат дека не веруваат дека климатските промени се одговорни за одвојувањето како во некои случаи во изминатите години. „Овој настан на распаѓање беше очекуван и е дел од природното однесување на ледениот гребен. Тоа не е поврзано со климатските промени“, рече глациологот од БАС, Доминик Хоџсон.

Пукнатината во ледената покривка, која истражувачите ја нарекоа Chasm-1, беше откриена пред неколку години и оттогаш се шири додека парчето мраз конечно не се отцепи. Се очекува струјата да ја носи сантата мраз, која американскиот Национален центар за мраз допрва треба да ја именува, долж брегот на Антарктикот, како што тоа го правеше со претходните големи ледени брегови.

Британските истражувачи на глечери ќе продолжат да го набљудуваат ледениот брег. Минатата година, истражувачите ги наведоа климатските промени како причина за распадот на сантата од 1.200 квадратни километри, бидејќи топењето на морскиот мраз значително се забрзало поради повисоките температури.

БАС управува со истражувачка станица на ледениот гребен Брунт на Антарктикот. Организацијата ја премести станицата на околу 20 километри во внатрешноста на земјата во 2016 година, за да не биде загрозена од отцепување на големи санти мраз, како оние снимени неодамна.

Истражувачите остануваат на станицата за време на летото на Антарктикот, кое трае од ноември до март, а остатокот од годината го поминуваат во британскиот универзитетски град Кембриџ, каде што ја набљудуваат областа користејќи сателитски снимки произведени од ЕСА и НАСА, европските и американските вселенските агенции и германскиот сателит TerraSAR. Според БАС, ледениот гребен е една од најтесно набљудуваните ледени плочи на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk