Според официјалната мрежа на локалната власт на Телеграм, шефот на тој регион Сергеј Мењаило потпишал извршна наредба „за ограничување на влезот на патнички возила на територијата на Северна Осетија“, освен за жителите и туристите.

Според таа уредба, ќе бидат ослободени лицата кои патуваат во летни кампови и други туристички објекти во таа република. Во неколку области, вклучувајќи го и главниот град Владикавказ, е прогласена состојба на готовност.

Оваа одлука ќе го отежне патувањето меѓу Владикавказ и Тбилиси, грузискиот главен град на 200 километри јужно, каде што многу Руси се засолниле од почетокот на руската воена интервенција во Украина.

По минатонеделната декларација на Путин за „делумна“ мобилизација за офанзивата во Украина, десетици илјади Руси отидоа во соседните земји, особено во Грузија, Казахстан и Монголија.

Егзодусот е толку голем што руските безбедносни служби вчера отворија „мобилна“ мобилизациска канцеларија на границата со Грузија за да ги спречат оние кои сакаат да избегаат од војската.

Грузиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека речиси 10.000 Руси секој ден ја минуваат границата.