Огнена стихија проголта хотел во Измир: Две жени скокнаа од 6. кат во обид да се спасат од пожарот

Две жени се потешко повредени кога скокнале од шестиот кат на хотел во Измир откако во него избил пожар, пренесоа турските медиуми.

Жените скокнале врз автомобил паркиран пред хотелот, а другите гости од хотелот безбедно се евакуирани, пренесува АП.

Како што се наведува, пожарот брзо е ставен под контрола, а за сега не се знаат причините за избувнувањето.

Поврзани

Најнови вести

Коментари