Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, со уште тројца членови на екипажот полета до работ на вселената и безбедно слета назад на Земјата.
Во овој потфат, Безос беше придружуван од својот брат Марк, осумдесет и двегодишната Воли Фанк, пионер на вселенско истражување, која стана најстариот човек во вселената и Оливер Димен, осумнаесетгодишен студент - сега најмладата личност што стигнала до вселената.
Безос полета од лансирната рампа во Ван Хорн, Тексас. Летот траеше 11 минути, а екипажот слета во капсула со падобран во Западен Тексас.
Неговото летало е изградено од компанијата, Blue Origin, и е дизајнирано специјално за потребите на вселенскиот туризам.
„Возбуден сум. Луѓето постојано ме прашуваат дали сум нервозен. Не сум многу нервозен, љубопитен сум. Сакам да знам што ќе научиме“, рече Безос пред полетувањето.
„Трениравме. Ова возило е подготвено, овој екипаж е подготвен, овој тим е неверојатен. Ние едноставно се чувствуваме многу добро “, додаде тој.
Г-ѓа Фанк коментираше во пресрет на нејзиното заминување:
„Ќе се случи! Долго чекав и сонував да полетам “.
Таа рече дека ќе изведува салто додека е бестежинска во вселената.
Во 60-тите години на минатиот век, г-ѓа Фанк беше дел од женската група Меркур 13.
Тие биле подложени на истите тестови како и машките астронаути, но никогаш не полетале во вселената.
Капсулата, во која се наоѓаа браќата Безос, Фанк и студентот Оливер Димен, се одвои од леталото на надморска височина од околу 76 километри.
Ракетата падна на околу три километри од лансирната рампа, додека капсулата продолжи да оди на висина од околу 106 километри.
„Ние сме во бестежинска состојба околу четири минути и мора да излеземе од своите места, да се одделиме, да лебдиме наоколу и да ја гледаме атмосферата на Земјата“, изјави Безос
Пред девет дена, ривалот на Безос, британскиот милијардер Ричард Бренсон, полета на работ на вселената со вселенско летало од неговата сопствена компанија „Вирџин галактик“.
Бројни корисници на социјални мрежи реагираа на одлуките на Безос и Бренсон. Дека парите за вселенската трка можат подобро да се искористат - како што се борбата против климатските промени или помагање на светот да се опорави од пандемијата.
„Можам да разберам, но мислам дека тие не се целосно образовани и не знаат колку е важен универзумот за Земјата“, рече Бренсон.
Тој објасни дека сателитите следат „деградација на дождовните шуми, дистрибуција на храна - дури и работи како климатски промени“.
„Ни требаат повеќе вселенски бродови кои одат во вселената, не помалку.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата