logo
logo
logo

Од СЗО смируваат: Вирусот за неколку месеци може да се стави под контрола

Vecer | 13.04.2021

Од СЗО смируваат: Вирусот за неколку месеци може да се стави под контрола

Коронавирусот за неколку месеци може да се стави под контрола со почитување на мерките.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека проблемот со пандемијата  сè уште не е решен, но дека може да се стави под контрола за неколку месеци со мерки во заштитата на јавното здравје. Вели дека имаат причини да бидат оптимисти.  Тој на денешната прес-конференција изјави дека СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата да продолжат.

„Падот на бројот на новозаразени и смртни случаи во првите два месеци од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени“, рече директор на СЗО.

Тедрос изјави дека зголемениот пренос на оваа инфекција најмногу се должи на збунетост и недоследност во спроведувањето на мерките.

Сепак од СЗО, велат дека во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се преполни, луѓе умираат и можно е тоа да се избегне. Во светот досега се потврдени над 136 милиони заразени со коронавирусот. САД, Индија и Бразил имаат најмногу случаи на ковид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk