logo
logo
logo

Од милиони на милијарди: КОЛКУ ЗАРАБОТУВА БИОНТЕК ОД ВАКЦИНИТЕ

Vecer | 10.05.2021

Од милиони на милијарди: КОЛКУ ЗАРАБОТУВА БИОНТЕК ОД ВАКЦИНИТЕ

Германската компанија Бионтек оствари вкупни приходи во првиот квартал од оваа година од 2,05 милијарди евра, наспроти 27,7 милиони евра во истиот период во 2020 година.

Таков резултат е постигнат главно благодарение на продажбата на вакцини против КОВИД- 19, кои ги произведува заедно со американскиот Фајзер.

Кварталната нето добивка се искачи на 1,13 милијарди евра во споредба со загубите од 53,4 милиони евра забележани една година претходно, објави денеска Бионтек, пренесува Ројтерс.

Според компанијата, нарачките за производство и испорака на ковидни вакцини се зголемени на 1,8 милијарди дози од нешто повеќе од 1,4 милијарди дози објавени во март.

Врз основа на добиените нови нарачки, компанијата сега очекува приходите од продажба на вакцини да достигнат околу 12,4 милијарди евра оваа година, во споредба со претходно предвидената сума од 9,8 милијарди евра.

Според германската компанија, Бајонтек, Фајзер испорачал повеќе од 450 милиони дози вакцини ширум светот до 6 мај, додека Астра Зенека на 30 април објави дека доставила над 300 милиони дози досега.

Бионтек исто така ги откри плановите за основање на нова фабрика во Сингапур, која ќе произведува неколку стотици милиони дози годишно од 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk