logo
logo
logo

ОД ГРАДОНАЧАЛНИК ДО ВОЗАЧ НА КОМУНАЛКА: И јас морам да плаќам сметки!

Vecer | 18.05.2021

ОД ГРАДОНАЧАЛНИК ДО ВОЗАЧ НА КОМУНАЛКА: И јас морам да плаќам сметки!

Некои политичари кога ќе ја напуштат функцијата главно остануваат во политиката или заземаат некоја убава функција во големите компании, но ова не важи за поранешната градоначалничка на Гетеборг во Шведкса, Ен-Софи Хермансон. Таа функцијата градоначалник ја заменила за возач на камион во градскиот комуналец.

- Никој веќе не е вознемирен заради одлуките кои ги носам. Тоа е убава промена во однос на мојата стара работа, рекла Хермансон, која не е единствената функционерка која по успешната политичка кариера направила неверојатна работа.

И поранешниот претседател на Уругвај Хосе Мухик по завршувањето на мандатот одбил државна пензија која му следува по закон.

Слично како и Хермансон, и поранешниот шведски министер за образование Густав Фридолин се вработил како професор на еден факултет.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk